Ова е најлудиот аут во историјата – ја фрли топката 45 метри (видео)

Иранскиот фудбалер Надер Мохамад настапува за Спартак Кострома во втората руска лига, но овој 29-годишен играч се најде во фокусот на вниманието – поради оригиналното изведување на аут.

Видеото од неговата мајсторија на дуелот против Уфа, на кое се гледа како Мохамад прави салто пред да ја уфрли топката, по што таа лета цели 45 метри во воздух, експресно стана вирално.

„Како дете тренирав гимнастика. Потоа почнав со фудбал, но на тренинзите често изведував и аут со салто, така што ова не е ништо ново за мене“, изјави иранскиот фудбалер за руските медиуми по натпреварот.

Се вчитува...