Стратегот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, не го криеше задоволството што неговиот тим доминантно го совлада Митјиланд со 0-4 на стартот од Лигата на Шампионите, и тоа само неколку дена по слабото издание и убедливиот калчолигашки пораз на гостувањето против Наполи.
“Прикажавме многу одлични игри во изминатиот период, но ден како оној против Наполи едноставно се случува. Но овој тим секогаш добро реагира на неуспесите. Против Митјиланд ни беше потребна победа и успеавме да ја оствариме, не беше лесно иако резултатот тоа не го покажува” – изјави Гасперини.
Според него, нема место за опуштање бидејќи допрва ќе следат вистинските предизвици во Лигата на Шампионите.
“Добар натпревар одигравме, почнавме многу добро. На никого нема да му биде лесно да освои три бода овде. Беше многу важно оваа сезона да започнеме добро, за разлика од минатата, бидејќи не очекуваат два натпревари против Ајакс и Ливерпул. То ќе бидат можеби одлучувачките средби за нас” – додаде шефот на стручниот штаб на Аталанта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА