Ова го може само Новак, падна на земја и освои поен – Публиката го награди со овации (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот се здоби со лесна повреда на самиот почеток на петтиот сет, откако на импресивен начин успеа да освои поен. Ѓоковиќ падна на земја, но продолжи да игра и скоро од лежечка позиција го совлада Лоренцо Музети, кој му создаде сериозни проблеми на Србинот.

Ова беше и првата топка која донесе значаен поен во решавачкиот сет, а Новак по падот се повреди откако го пресече прстот, па мораше да ја санира повредата за кратко време. Ваквата пожртвуваност предизвика воздишки кај присутната публика, па Ѓоковиќ беше награден со заслужени овации.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...