Ова го може само Суарез – доби картон за гледање во ВАР-монитор

Луис Суарез во кариерата добиваше картони за се и сешто, од судиски приговори, глума, па се до гризење на противниците, но денеска за првпат заработи жолт картон – за гледање во ВАР-монитор.

Стануваше збор за ситуацијата при пеналот за Локомотив Москва, кога судијата отиде самиот да се увери дали Ерера играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Уругваецот застана на само еден метар зад главниот арбитар, не се повлече ниту кога беше предупреден, за на крајот зачудено да гледа кога му беше покажан картон.

Многу поголем проблем од недисциплината за Суарез е неговиот пост на гостувањата во Лигата на Шампионите, ако се знае дека тој е без погодок на последните 23 натпревари на гостински терен во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...