Ова ли е дното: Барса загуби дома во ЛШ по седум и пол години

Барселона потона уште подлабоко во сопствената криза откако каталонскиот гигант вечерва загуби од Јувентус со 0-3. Поразот значи и губење на првото место во групата, но и крај на фантастичната серија од 38 натпревари без пораз во Лигата на шампионите, на натпреварите што Барса ги одигра на својот „Камп Ноу“.

Каталонците последниот пораз го претрпеа на 1 мај 2013 година, кога загубија на реваншот од полуфиналето со Баерн Минхен (0-3). Успешната серија почна на стартот од сезоната 2013/14 со убедливиот триумф над Ајакс од 4-0, по што каталонскиот гигант ги мелеше своите противници на домашен терен. На последните 38 средби Барса имаше скор од 34 победи и четири реми, со импресивна гол-разлика од 112 постигнати и само 20 примени гола.

Повеќе од јасно е дека на Барса и е неопходна шок-терапија, а доколку клубот што поскоро не го смени Куман од кормилото, тимот ќе продолжи се повеќе да тоне.

Се вчитува...