Ова не е нормално: Дончиќ и Далас водат „плус 50“ на полувреме

Далас го одигра најдобро полувреме во историјата на НБА-лигата откако тимот предводен од Лука Дончиќ по 24 минути игра стигна до предност од неверојатни 50 поени разлика (27-77). Ривалот не е нималку наивен, тимот на ЛА Клиперс што ги елиминираше маверикс од плејофот, само мотив повеќе за Дончиќ и соиграчите вечерва да го демолираат домашниот состав.

Далас почна да доминира од првата минута, „билдајќи“ ја предноста до убедливи 13-36 на крајот од првата четвртина. Никој не очекуваше ова темпо да продолжи, но гостите не застанаа, па на половина од вториот период веќе имаа преубедливи 18-62. ЛА Клиперс имаат очајна шутерска вечер (1/18 за тројка), а Далас со агресивна одбрана успеа до крајот на полувремето да стигне и до неверојатни 50 поени предност со тројката што ја постигна Бурк.

Дончиќ очекувано е „прва виолина“ во својот тим, Словенецот на теренот мина нецели 16 минути, период во кој реализираше 18 поени, седум скокови и четири асистенции. Ричардсон досега има 15 поени за Далас, додека кај ЛА Клиперс единствен што е расположен за игра е Пол Џорџ со 13 поени.

Се вчитува...