Екипата на Баерн Минхен, дојде до првата победа во историјата на Светските клупски првенства, откако денеска апсолутно ја оправда фаворитската улога против Окленд Сити од Нов Зеланд, покажувајќи дека светското првенство на клубови не личи на собир на најдобрите екипи. На крајот триумф на „Баварците“ со убедливи 10-0.
Уште на полувремето „Баварците“ имаа предност од 6-0, откако погодија Коман, Бој, Олисе, повторно Коман, Томас Милер и Олисе. Во вториот дел Мусиала со „хет-трик“ и Милер со својот втор гол на средбата, ја донесоа убедливата победа над полупрофесионалниот тим.
Инаку Баерн Минхен имаше дури 29 обиди кон голот на противникот, и низ целосна доминација дојде до оваа победа. Сега за фаворитот следуваат мечеви против Бенфика и против Бока Јуниорс, каде што треба да го покажат својот квалитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА