Судиите во НБА-лигата многу често се критикувани поради чудниот критериум, пред се при досудувањето на чекори во ситуација кога кошаркарите забораваат да ја спуштат топката на паркет за што побрзо да ги завршат своите акции.
Погледнете што се случи на последниот меч на Милвоки бакс, на кој Адетокумбо стигна до топката на линијата за тројка во својата половина, при тоа направи само еден дриблинг и на крајот ја заврши акцијата со атрактивно забивање на спротивната страна.
Атлетските способности на грчкиот „ѕвер“ се причината поради која тој со леснотија ги мина ривалите и заврши со забивање, без притоа да му бидат досудени чекори од арбитрите…
Giannis took just ONE DRIBBLE on this fast break slam 😱 pic.twitter.com/YxeSvWXjUf
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 6, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА