Зимскиот преоден рок во Европа и светот не донесе некое мега засилување, но повторно не остави рамнодушен ниту еден фудбалски фан. Како и секогаш, имаше голем број на трансфери низ „стариот континент“, па дури и целата фудбалска планета.
Манчестер Сити оваа зима надмина потрошени 200 милиони евра, Милан беше активен, но и клубовите од Саудиска Арабија не се штедеа. Токму Ал Наср го има најскапиот трансфер доведувајќи го фудбалерот на Астон Вила, Џон Дуран за сума од 77 милиони евра.
Топ 10 трансфери:
1) Џон Дуран (Астон Вила – Ал Наср, 77 милиони евра)
2) Омар Мармуш (Ајнтрахт – М. Сити, 75)
3) Квича Квараскелија (Наполи – ПСЖ, 70)
4) Нико Гонзалес (Порто – М. Сити, 60)
5) Чави Симонс (ПСЖ – Лајпциг, 50)
6) Галено (Порто – Ал Ахли, 50)
7) Абукодир Хусанов (Ленс – М. Сити, 40)
8) Виктор Реис (Палмеирас – М. Сити, 37)
9) Луис Енрике (Ботафого – Зенит, 33)
10) Сантијаго Хименез (Феенорд – Милан, 32)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА