Ова се избраните од Кире Лазаров за ЕП 2022 – Коронавирусот го кроеше составот на Македонија

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Селекторот Кире Лазаров го објави списокот на играчи кои денеска ќе тргнат на пат за Дебрецин, каде од 13 јануари ќе го почнат настапот на ЕП 2022.

Коронавирусот го кроеше составот на националниот тим по петте позитивни тестови добиени во текот на вчерашниот ден, па Лазаров беше принуден дополнително да повика двајца голмани, Градимир Чаневски и Благојче Трајковски.

Според списокот објавен од Лазаров, во однос на оние кои ги минаа подготовките, позитивни на коронавирус се Никола Митревски, Марко Кизиќ, Гоце Ојлески и Михајло Младеновиќ.

Список на ракометари за ЕП 2022
Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор Кирил Лазаров
Таборот на македонската ракометна репрезентација заминува денес во 14:10 часот за Дебрецин ✈️ ✈️ ✈️

Се вчитува...