Ова се сите учесници на ЕП 2022 во ракомет

Со одигрувањето на денешните последни квалификациски натпревари познати се сите учесници на претстојниот европски шампионат, што во јануари 2022 година ќе се одржи во Унгарија и во Словачка. Македонија се пласира на ова ЕП како второпласирана во својата група, а со триумфот на денешниот дуел нашите ракометари ја елиминираа Швајцарија и им направи џиновска услуга на украинските ракометари, кои дојдоа до билет за ЕП како четврта селекција од третопласираните во сите групи.

Покрај двете земји-домаќини, автоматски пласман на овој европски шампионат имаа и финалистите од последното европско првенство, Шпанија и Хрватска. Пласман на европскиот шампионат како третопласирани покрај Украина обезбедија и БиХ, Полска и Литванија, а на почтокот од 20222 година како дел од континенталниот собир ќе ги гледаме и Данска, Македонија, Србија, Франција, Германија, Австрија, Русија, Чешка, Исланд, Португалија, Словенија, Холандија, Норвешка, Белорусија, Шведска и Црна Гора.

Македонија ќе се најде во третиот шешир при извлекување на групите за ЕП 2022, по што ќе биде познато и во која земја и кој град домаќин нашата селекција ќе ја игра првата фаза од овој шампионат.

Се вчитува...