„Ова се златни деца, немаше да се откажам ако не мислев дека можат без мене“

Стојанче Стоилов делува решено да стави крај на оваа репрезентативна кариера, па и покрај најавата на Лазаров да се обиде да го разубеди капитенот на Вардар да настапи на следниот светски шампионат ова најверојатно е дефинитивно збогум на искусниот пивот со националниот тим.

„Една работа сакам да биде јасна, јас никогаш немаше да се откажам ако не мислев дека можат без мене. Ова се златни деца, од Пешевски, до Маркоски и сите останати, кои ги следам со години, кои напредуваат од сезона во сезона и заслужуваат уште поголема минутажа на овој светски шампионат. Јас верувам во нив и знам дека можат да продолжат во ист стил и кога мене ќе ме нема во репрезентацијата“, истакна Стоилов.

„Засега немам план да почнам тренерска кариера… Имам уште една година од договорот со Вардар, сакам да бидам здрав и да ја издржам без проблеми, па потоа ќе размислувам за иднината“, додаде големиот борец кој мина петнаесетина извонредни сезони бранејќи ги боите на Македонија.

Се вчитува...