Вилијам Салиба настапуваше повреден за Франција на овој шампионат, одличниот дефанзивец влечеше незгоден проблем со грбот уште од напорната сезона со Арсенал, но реши да ризикува и да биде дел од „триколорите“ на СП 2026.
Ризикот за жал не се исплатеше, па Салиба мораше поради влошување на состојбата да побара да биде заменет на полуфиналето со Шпанија.
„Ова веќе не се издржува, грбот ми се распаѓа“, му се пожалил Салиба на дефанзивниот колега Упамекано веднаш откако побарал замена.
Информациите од Франција се загрижувачки, проблемот воопшто не е наивен и ќе мора да биде решен со хируршки зафат, што ќе значи долг период на рехабилитација.
Како што информира „Л’Екип’, вообичаената пауза по ваков вид на операции изнесува над 4-5 месеци, што би значело дека Салиба би можел да се врати кон крајот на годинава или на почетокот од 2027. Секако, огромен проблем за Микел Артета, кој најверојатно пак ќе тргне во „шопинг“ за да ја засили одбраната на „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
