Квалификации за АО: Сред меч добил позитивен Ковид тест, победил, па заминал во карантин…

Комична ситуација предизвикана од коронавирусот доаѓа од Доха каде по квалификацискиот турнир за „Австраија Опен“, тенисерите Денис Кудла и Франческо Черундоло се пратени во карантин откако добија позитивни тестови. За ситуацијата да биде побизарна, Американецот Кудлиа позитивниот тест го доби на самиот дуел против Марконаецот Елиот Бенхетрит, меч кој го доби со 6-4 и 6-3.

Позитивниот тест на Кудла пристигнал во вториот сет од мечот при водство на Американецот од 5-3, но согласно правилата гејмот морал да биде доигран пред мечот да се прекине. Кудла го добил гејмот и славел со 2-0 во сетови, а интересно е што доколку Бенхетрит успеел да слави во тој гејм, мечот ќе бил прекинат, а Мароканецот ќе се пласирал во следната квалификациска рунда поради ковид-дисквалификација на противникот.

„Резултатот од ковид-тестирањето го доби при резултат 5-3, а доколку јас го добиев сетот и намалев на 5-4, јас ќе го добиев натпреварот и ќе се квалификував за втората рунда“ – напиша Бенхетрит на својот Инстаграм профил.

Покрај поразот, Мароканецот сега може да заврши и во карантин доколку се воспостави дека имал близок контакт со Кудла. Разговарајќи за медиумите, Елиот Бенхетрит ја прокоментира и целата ситуација со тестирање на тенисерите.

„Концептот на самиот тест е да имате информации однапред, а не да го доведете секој кој присиствува на натпреварот во опасност“ – изјави Бенхетрит.

Се вчитува...