Оваа игра е многу лесна за баварскиот гигант – Баерн во „лер“ му даде 8 „парчиња“ на Шалке (ВИДЕО)

Каде што застана на крајот на минатата сезона таму продолжи Баерн Минхен во новата. Едноставно во „лер“ во првиот меч од годинашното издание на Бундеслигата му даде осум парчиња на Шалке 04.

Се почна уште во четвртата минута кога Гнабри со својот прв гол на натпреварот донесе водство од 1-0. Петанесет минути подоцна Леон Горецка ја удвои предноста на домаќините, а до крајот на првиот дел стрелаше уште Левандовски од пенал во 31. минута. Вистинската катастрофа за Шалке се случи во второто полувреме. Гнабри во 47. зголеми на 4-0, а потоа во 59. запиша хет-трик за предност на Баварците од 5-0. До крајот во листата на стрелците се запишаа уште и Томас Милер, Лирој Сане и Џамал Мусиала за конечни 8-0.

 

Се вчитува...