Овации за Новак Ѓоковиќ на камбекот во Њујорк (видео)

Новак Ѓоковиќ по две години пауза допатува во Њујорк каде се надева на трофеј на УС Опен и враќање на врвот на АТП-листата. Охрабрен по големата победа над Алкараз во финалето во Синсинати, српскиот тенисер денеска допатува во американската метропола, каде му беше забранет настап минатата година поради фактот дека не беше вакциниран од Ковид-19.

Мерките во меѓувреме беа олеснети па Ѓоковиќ доби зелено светло за влез во САД и настап на УС Опен, а навивачите пред денешниот прв тренинг во Њујорк јасно ставија до знаење колку им недостигал Новак, кој со овации беше дочекан од над илјада фанови.

Ѓоковиќ во кариерата има три титули на УС Опен, од кои последната во 2018 година кога во финалето го совлада Хуан Мартин дел Потро.

Се вчитува...