Овен: Ливерпул е квалитетен, но Реал ќе ја освои Лигата на шампионите

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и на Реал Мадрид, Мајкл Овен е убеден дека мадридскиот тим ќе го победи Ливерпул и ќе ја освои Лигата на шампионите.

„Ќе се сретнат два различни стила. Ливерпул игра добро против најдобрите европски клубови и сака да ја чува топката постојано во напад. Мислам дека ќе биде одлично финале со многу голови. Но, Реал е фаворит затоа што секогаш победува тогаш кога се мора… Реал сигурно ќе ја освои Лигата на шампионите“ – вели Овен во разговор за „Марка“.

„Ливерпул е квалитетен тим, но нема да може да му парира на Реал кој има фудбалери кои решаваат натпревари, како Роналдо, Иско…“.

Мајкл Овен дел од Ливерпул беше осум сезони постигнувајќи 158 гола за „црвените“. Во 2004 година се пресели во Реал каде се задржа кратко, по што се врати во Њукасл а потоа играше и за Манчестер јунајтед и за Стоук.

Се вчитува...