Овој човек е неуништлив, Федерер ги сруши плановите на Ѓоковиќ

Еден од најдобрите тенисери во светот, Роџер Федерер, најави дека ќе учествува на турнирот во Хале следната година, што индиректно потврди дека ќе го гледаме на преостанатите три гранд слема оваа сезона.

Според„Форбс“, знаејќи дека турнирот во Хале е своевиден вовед во Вимблдон, не би било изненадување ако следната година го гледаме Федерер како настапува на тениските турнири во петтата деценија.

Швајцарецот неодамна се врати на теренот во Доха, во август ќе наполни 40 години и ќе влезе во импресивната петта деценија, која ќе ја продолжи трката за рекорди со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Оваа информација може да ги наруши намерите на Ѓоковиќ да стане тенискиот „GOAT“, бидејќи сега само една Гранд слем титулата заостанува зад Федерер и Надал.

Се вчитува...