Овој викенд – осмо издание на КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС во Прилеп

Оваа сабота на 22 септември 2018 со старт и финиш во Варош, Прилеп ќе се одржи осмото издание на трката во планинско трчање Крали Марко Треилс. 

На трите трки со дистанци од 16, 34 и 67 километри, како и на едната детска трка Маркулуле, овој викенд се очекуваат да настапат околу 500 тркачи од 21 земја. Најдолгата ултрамаратонска трка Козјак Треил 67км ќе стартува во 8 часот наутро, а Трескавец Треил 16км и Камена Баба Треил 34км во 10 часот. Веднаш по стартот на овие трки ќе започне и детската трка Маркукуле во должина од 1 километар.

Тркачите ќе имаат можност да минат низ некои од најинтересните и живописни делови на Марковите Кули, манастирот Трескавец, врвот Единак и Козјак како и целиот прилепски регион кој изобилува со интересни камени формации и специфична природа и опкружување.

Сите што нема да бидат во можност да учествуваат, ќе можат да дојдат и да бидат дел од настанот како поддржувачи и публика.

Целата програма на настанот можете да ја најдете тука, а сите информации се достапни на веб-сајтот www.kmt.mk. 

Се вчитува...