Оже Алиасим ќе го предизвика Медведев во полуфиналето на УС опен

Младиот канадски тенисер, Феликс Оже Алиасим е вториот полуфиналист на последниот гранд-слем во сезоната УС опен.

Тој во четвртфиналето го доби мечот против Шпанецот, Алкараз кој при негатива од 1-0 во сетови и 3-1 во вториот мораше да го предаде мечот.

Во полуфиналето Оже-Алиасим ќе се сретне со вториот носител, Русинот, Данил Медведев.

Првиот полуфинален пар во женска конкуренција го сочинуваат Арина Сабалјенка од Белорусија и Канаѓанката Лејла Ени Фернандез. Сабалјенка рутински ја совлада Барбора Крејчикова со 6-1 и 6-4, додека младата Канаѓанка ја изненади Украинката Елина Свитолина.

Се вчитува...