Озил е на излезна врата, не ни добил понуда за нов договор со Арсенал

Месут Озил се подготвува за промена на клупските бои откако беше обелоденето дека тој годинава воопшто не добил понуда за продолжување на договорот со Арсенал, иако актуелниот договор му истекува во јуни 2018 година.  Весникот „Билд“ објави дека „топчиите“ уште во февруари самите ги прекинале преговорите со агентите на Озил, како причина наведувајќи ја неизвесноста околу иднината на Арсен Венгер како менаџер на клубот.

Сепак, Французинот во меѓувреме потпиша нов двогодишен договор, оттогаш минаа повеќе од три месеци, но Озил се уште не добил понуда за нов договор, ниту пак има најава дека такво нешто ќе се случи.

„Топчиите“ се незадоволни од формата на екс-фудбалерот на Реал Мадрид и немаат намера да му дадат астрономска плата, нешто што Озил го бара за да остане во Лондон. „Билд“ демантира дека тој одбил 250.000 фунти неделна плата, понуда што Германецот никогаш не ја добил и според сегашниот развој на настаните сигурно нема ни да ја добие. Како што стојат работите, Озил во јануари ќе може да преговара со клубови надвор од Англија за слободен трансфер во текот на летото, а најзаинтересирани за неговите услуги се Баерн Минхен и Јувентус.

Се вчитува...