Озил е прескап за Барселона

Пропаѓа можноста германскиот интернационалец Месут Озил да се пресели на „Камп Ноу“. Иако имаше најави дека одличиот играч за врска на Арсенал, кој во минатото го носеше дресот на Реал Мадрид, би можел да го засили каталонскиот гигант, сепак, трансферот е далеку од реализација.

Според информациите од шпанските медиуми, Озил бара годишна плата од 19 милиони евра, што во моментот е премногу за раководството на Барселона. Но, има и уште еден поголем проблем, Германецот бара и гаранции од тренерот Ернесто Валверде дека ќе биде стандарден првотимец, со оглед дека на лето се одржува мундијалот во Русија, а тој сака да биде во топ – форма. Тоа е едноставно неприфатливо за Барселона, па Озил би можел да остане во Арсенал, па дури и да потпише нов договор.

Се вчитува...