Озил го пропушта дербито со Челси

Арсенал ќе биде ослабен за денешниот дерби дуел со Челси откако беше обелоденето дека Месут Озил нема да може да настапи за „топчиите“ на пресметката на „Стемфорд бриџ“.

Арсен Венгер го поштеди Озил од настап во Лигата на Европа против Келн, но ситуацијата со повредата што го мачеше Германецот не се подобри во меѓувреме. Тој воопшто не тренираше со остатокот од тимот на вчерашниот последен тренинг, по што стана јасно дека Озил денеска нема да му биде на располагање на Арсен Венгер.

Ова најверојатно ќе значи и нешто поповлечена улога за Алексис Санчез како плејмејкер на „топчиите“, со двајца класични напаѓачи пред него, Дени Велбек и Александр Лаказет.

Се вчитува...