Озил им открил на соиграчите дека се сели во Манчестер јунајтед?!

Германскиот интернационалец Месут Озил во јануари дефинитивно ќе си замине од Арсенал, а на своите соиграчи веќе им открил дека негов следен клуб ќе биде Манчестер јунајтед. Ова секако ќе биде нов удар за „топчиите“, откако во минатото и Робин ван Перси го напушти клубот и направи трансфер на „Олд трафорд“.

Познато е дека Арсен Венгер не сака да продава фудбалери на своите ривали од Премиер – лигата, но остана тврдоглав ова лето и не сакаше да ги продаде и Алексис Санчез и Месут Озил, верувајќи дека ќе ги убеди да потпишат нови договори со клубот. Сепак, нивните барања се екстремни кога е зголемување на неделната плата во прашање, па Венгер и не сака да го наруши целиот буџет за да го задоволи нивните апетити.

Јунајтед секако сака да го ангажира Озил, кој оваа сезона игра во непрепознатлива форма, но и очигледно е дека веќе нема силни мотиви да го носи дресот на Арсенал.

Се вчитува...