Озил ја сака „десетката“ на Арсенал по заминувањето на Вилшир

Германскиот репрезентативец Месут Озил со својата национална селекција се бори да обезбеди место во втората фаза на Мундијалот, по непријатниот пораз од Мексико (0-1) на стартот, но исто така мисли и на клупските обврски кои ќе претстојат за следната сезона. Тој му порачал на новиот менаџер Унаи Емери дека сака во новата сезона да го носи дресот со број „10“.

Досега „десетката“ беше сопственост на Џек Вилшир, но тој си заминува од „Емирати“, а Озил посакува да го носи истиот број како и во германскиот национален тим. Озил од доаѓањето во Арсенал, во 2013 година, го носеше дресот со број „11“.

Се вчитува...