Озил не ја слуша сопругата, поважни му се парите во Арсенал

Месут Озил нема намера да си замине од Арсенал во текот на летово, без оглед на инсистирањето на неговта сопруга Амине Гулсе да се врати во Турција и да ја прифати понудата на Фенербахче. Турскиот гигант подготвил богата понуда за да го ангажира поранешниот германски репрезентативец, Арсенал би дал зелено светло за Озил да си замине без никаква отштета, но трансферот пропаднал бидејќи Озил инсистира новиот клуб да му ја израмни платата од 350.000 фунти неделно.

Станува збор за сума што не сака да му ја даде ниту еден клуб, вклучително и Фенербахче, но на Германецот тоа не му пречи бидејќи е подготвен да мине уште една година и да собере над 12 милиони фунти, за следното лето како слободен играч да си замине од таборот на „топчиите“.

Сопругата Амине се обидела да интервенира, станува збор за актерка што е популарна во Турција и што самата посакува што поскоро да се врати да живее во Истанбул. Сепак, за Озил нема дилеми, тој самиот ги влече конците во својата кариера, а трансферот во Фенербахче нема да биде комплетиран во текот на овој летен преоден рок.

За наредното лето најголеми шанси му се даваат на Башакшехир, екипата што сезонава се закити со првата шампионска титула во клупската историја.

Се вчитува...