Озил одбил 200.000 фунти неделно од Арсенал

Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил, одбил да го продолжи договорот иако „топчиите“ му понудиле речиси двојно поголема плата, известуваат медиумите од островот. На германскиот репрезентативец му преостануваат уште 15 месеци моменталниот договор, а причината да не потпише нов е повеќе од јасна. Недостигот на хармонија во тимот, декласирањето од Баерн во Лигата на шампиони и долгиот премиерлигашки пост на Арсенал се причините кои го натераа плејмејкерот да се двоуми околу неговата иднина, со оглед на тоа дека во неколку наврати посочи дека сака да си оди од „Емирати“.

Озил веќе е најплатениот фудбалер во тимот на Арсенал, заработувајќи 140.000 фунти неделно со бонусите. Иако не е во најдобра форма, Венгер е решен да го задржи Озил по секоја цена. Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ се тимовите кои сакаат да го спасат Озил од „бродот кој тоне“, но секој потег, секоја понуда ќе мора да почека до јули, кога започнува трансфер периодот.

Се вчитува...