Македонската репрезентација до 18 години ја победи селекцијата на Азербејџан со 1:0 на првиот контролен натпревар на гостински терен во Баку.Бојан Колевски во 75. минута го постигна голот за победа на нашата репрезентација. Македонија беше подобар противник во текот на целиот натпревар, во првото полувреме Трапановски и Фазлагиќ ги имаа најдобрите шанси за погодок, но не реализираа.Михаил Маневски одлично асистираше во 75. минута, остро нафрли во петерецот на Азербејџан, а Бојан Колевски со глава ја смести топката во голот на противникот.

Се вчитува...