Пад на Ивановски и Ѓорческа на новите АТП и ВТА ранкинг

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа пад од четири места на последното АТП рангирање. Младиот тенисер кој минатата недела го достигна најдобриот пласман откако се најде на 331. место, сега го завзема 335. место.

Пад забележа и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која сега е на 252. место на ВТА ранг листата.

Првите десетмина во машка и женска конкуренција остануваат исти со тоа што второ пласираниот Ѓоковиќ и покрај тоа што не учестувавше на ниеден турнир ја намали бодовната разлика во однос на Алкараз.

Се вчитува...