Пад на Ивановски и Ѓорческа, напредок на Марковски, Србљак и Стоилковска на последниот АТП и ВТА ранкинг

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа пад од 21 место на последниот АТП ранкинг. 19-годишникот сега е 326. најдобар тенисер на светот.

А, за разлика од него, Обрад Марковски и Горазд Србљак напреднаа на листата. Марковски забележа скок од девет места и сега е на 1468 позиција, додека Србљак напредна за 12 места и во моментот е 1050 рангиран тенисер на светот.

Пад на листата, но за само едно место забележа и нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа. Таа сега е 187. најдобро рангирана тенисерка, додека Магдалена Стоилковска напредна за шест места и сега го завзема 1228 место.

Се вчитува...