Пад на Ивановски и Ѓорческа, подобар ранг за Марковски и Стоилковска на новите АТП и ВТА листи

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа пад од четири места на последниот АТП ранкинг и сега ја завзема 309. позиција со 173 поени.

За разлика од него, Горазд Србљак останува на 1047. место без промана во ранкингот, а напредок од пет места забележа Обрад Марковски кој сега е на 1458. место.

Пад на листата има и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која сега е на 212. место што е за 15 места послаб ранкгинг од претходната недела, додека Магдалена Стоилковска забележа скок од две места и ја завзема 1263. позиција.

Се вчитува...