Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа пад од три места на последното рангирање по завршувањето на Австралија Опен и во моментот е на 329. место на АТП ранкингот.
Пад забележа и Горазд Србљак кој е на 1067. позиција што е за десет места полош ранкинг во споредба со претходната седмица. За разлика од нив Обрад Марковски пак има скок од 10 места и во моментот е на 1445. место.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа пак по настапот во квалификациите на Австралија опен се наоѓа на 243.то место, додека Магдалена Стоилковска нема промени во рангирањето и се наоѓа на 1216.то место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА