Пад на тенисерите на последниот АТП ранкинг, Ѓорческа за две позиции подобра

Македонските тенисери Калин Ивановски, Горазд Србљак и Обрад Марковски забележаа пад од неколку места на последниот АТП ранкинг.

Ивановски забележа пад од два места и во моментот е на 330. позиција, Србљак забележа пад од осум места и сега го завзема 1100. место, додека Марковски кој забележа пад од 81. место сега е 1219. рангиран тенисер на светот.

За разлика од тенисерите, нашата најдобра тенисера Лина Ѓорческа забележа скок од две места и сега на 216. место на ВТА ранкигот, додека Магдалена Стоилковска го задржа 1244. место.

Се вчитува...