Пад од три места на фудбалската репрезентација на најновата ФИФА ранг-листа

Фудбалската репрезентација на Македонија очекувано бележи пад на ФИФА ранг-листата, по слабите резултати што нашиот национален тим ги имаше на последните натпревари. „Црвено-жолтите“ моментно се наоѓаат на 68. место на ранг-листата, што е пад за три места во однос на претходниот пласман на светското рангирање.

Македонските фудбалери најпрвин загубија во Скопје од Украина со 2-3, меч во кој по првото полувреме имаа предност од 2-0, а потоа следеше и фијаското на „Олд Трафорд“ против Англија и оние 7-0 кои се најубедлив пораз во историјата на нашиот национален тим.

Аргентина, Франција и Бразил остануваат на првите три места и на најновото рангирање на ФИФА, а четвртопласирана сега е Англија, која успеа да ја прескокне Белгија. Место во Топ 10 рангирањето на светските фудбалски репрезентации има и за Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.

Се вчитува...