Пад од три позиции за Македонија на ФИФА ранкингот

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од три позиции и сега е 68. светска сила. Иако во овој период немаше натпревари нашата репрезентација, оваа промена се базира на тукушто завршените шампионати на Африка и Азија.

Од нашите противници во Лигата на нации најдобропласирана е Ерменија која се наоѓа на 94. позиција. Фарски острови се 135, додека Летонија е едно место подоле и се наоѓа на 136. место.

На врвот нема промени. Аргентина е прва пред Франција, Англија, Белгија и Бразил.

Се вчитува...