Падна договор: Гонзало Игуаин доаѓа во Челси за 53 милиони фунти

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин го напушта Јувентус и се сели во редовите на Челси. Клубот од „Стемфорд бриџ“ ќе плати 53 милиони фунти за услугите на Игуаин, а тој повторно ќе игра под раководство на Маурицио Сари, со кого соработуваше и во Наполи. Тогаш, се чини дека го играше и најдобриот фудбал во кариерата и постави голгетерски рекорд во Серија А.

Јувентус мора да продаде дел од најдобрите играчи откако Кристијано Роналдо дојде во Торино. За него ќе треба да се одвојат огромни средства, а и ќе нема место за двајца врвни голгетери во составот на Масимилијано Алегри. Повеќе од јасно беше дека Игуаин ќе мора да замине, а се чекаше само моментот кога двата клуба ќе се договорат за неговиот трансфер.

Игуаин од 2016 година го носеше дресот на Јувентус и постигна 40 гола на 73 натпревари. Трансферот во Челси ќе биде негов прв предизвик во Премиер – лигата.

Се вчитува...