Падна договор: „Кралевите“ го носат Чуамени на „Сантијаго Бернабеу“

Талентираниот француски фудбалер Орелиен Чуамени и дефинитивно ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид со што ќе биде второ летно засилување по Антонио Рудигер на „Сантијаго Бернабеу“.

Фудбалерот на Монако во 14-кратниот европски шампион ќе премине за сума од 80 милиони евра, а трансферот може да дојде и до 100 милиони доколку бидат исплатени бонусите кои ќе ги има во договорот.

„Кралевите“ и Чуамени имаат договор за соработка до 2027 година, а младиот фудбалер остана на ставот да дојде во Реал Мадрид, иако имаше понуда и од Пари Сен Жермен

 

Се вчитува...