Падна договор: Лука Јовиќ останува во Милан

Милан одлучи да го задржи Лука Јовиќ и да и понуди на Фиорентина пари за да го откупи. Србинот во моментов настапува како позајмен, но во него „росонерите“ гледаат идеално решение за напаѓачката позиција, со оглед дека Оливие Жиру по крајот на сезоната заминува во САД.

Јовиќ сигурно ќе добие конкуренција во нападот. Во моментов најблиску до „црвено-црниот“ дрес е Џошуа Зиркзе, напаѓачот на Болоња.

Јовиќ во минатото беше дел од Реал Мадрид, но малку добиваше шанса. Играше и за Ајнтрахт Франкфурт. Тој во оваа сезона постигна осум голови и една асистенција во 25 натпревари, и главно мечевите ги почнуваше од клупата.

Се вчитува...