Падна договор: Лукаку на двегодишен заем во Интер

Интер ќе ја достави првата официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Ромелу Лукаку. Таа ќе подразбира двегодишна позајмица со вредност од 10 милиони евра и со обврска за комплетно откупување по завршувањето на периодот на позајмицата. Тогаш Интер би платил уште дополнителни 60 милиони евра.

Лукаку преку агентот веќе му соопштил на Интер дека сака да го реализира трансферот и особено дека сака да работи со новиот тренер, Антонио Конте.

Ваквата форма на договор ќе му овозможи на Интер да прави и други позначајни трансфери, а секако да го доведе главното име кое го планира како засилување за навалната линија.

Се вчитува...