Падна договор: Мартинез му кажа „да“ на Јувентус

Аргентинскиот голман и член на Астон Вила, Емилијано Мартинез постигна усмен договор со Јувентус, и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во овој клуб.

Мартинез најверојатно ќе се согласи за помала плата за да замине во Торино. Тој досега заработуваше 7 милиони евра по сезона во Астон Вила, а сега ќе се согласи на плата од 5 милиони евра.

Мартинез верува дека трансферот во Јувентус е добар следен чекор во неговата кариера, откако му помогна на клубот од Бирмингем да ја освои Лигата на Европа. Сепак, за да се реализира трансферот, потребен е договор меѓу двата клуба за финансиските услови.

Јувентус сака да го доведе 33-годишниот голман под поволни услови, а се шпекулира дека Астон Вила би можела да побара близу 15 милиони евра за него.

Се вчитува...