Падна договор: Сака и Арсенал продолжуваат заедно до 2031 година

Крилниот фудбалер на Арсенал, Букајо Сака не мрда никаде од Лондон, и договор нов подобар договор со „топчиите“. Договорот треба да биде потпишан во следниот период, и ќе биде до 2031 година. Досега Сака имаше договор до 2027 година со моменталниот лидер во Премиерлигата.

Сака ќе стане еден од најдобро платените фудбалери на лондонскиот тим, и тој треба да претставува важна алка за Арсенал во идните години, каде што „топчиите“ целат да ја освојат титулата во Премиерлигата по долго чекање, но и успех на меѓународна сцена.

Сака како мал, на седумгодишна возраст од Ватфорд се пресели во Арсенал. Откако ги мина сите млади категории на Арсенал, во 2019 година дебитираше за првиот тим. Тој е актуелен англиски репрезентативец, и за селекцијата има одиграно 48 натпревари, и постигнато 14 голови.

Се вчитува...