Падна договор: Трајковски има нов клуб во Хрватска

Александар Трајковски конечно ќе има нов клуб во кариерата, откако македонскиот ас постигна договор за соработка со Локомотива Загреб.

Искусниот голгетер беше без ангажман од крајот на ланската сезона, беше поврзуван со бројни клубови, но на крајот реши да се врати назад во Хрватска, и тоа во трет различен клуб во оваа земја (по Интер Запрешич и Хајдук).

„Мило ми е што ќе станам играч на Локомотива, екипа што добро ја познавам од времето минато во хрватскиот фудбал. Се поклопија работите, потребите на клубот и моите лични потреби, па се надевам дека соработката ќе биде на обострано задоволство… Долго време сум без меч, но здрав сум и тоа е најважно. Цело ова време тренирав, свесен сум дека натпреварувачкиот ритам е нешто сосема друго, но верувам дека наскоро ќе влезам во посакуваното темпо“, изјави Трајковски.

Се вчитува...