Флоријан Вирц се сели во Ливерпул во пакет трансфер вреден 150 милиони евра, вклучувајќи ги и сите бонуси. Оваа ексклузивна информација ја објави инсајдерот за трансфери Фабрицио Романо. Тоа ќе биде рекорден трансфер во Премиерлигата досега.
Преговорите траеја речиси еден месец. Баер Леверкузен инсистираше на сума од 150 милиони евра, и на крајот ја доби. Со тоа е срушен рекордот на трансфер во Премиерлигата на Енцо Фернандез во Челси кој изнесуваше 121 милиони евра.
За Вирц беше заинтересиран и Баерн Минхен, но неговата желба беше да го облече дресот на Ливерпул. Со него англискиот шампион добива големо засилување во офанзивниот дел од средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА