Роберт Левандовски со години наназад е кошмар за дефанзивците во фудбалска Германија, а полскиот ас комплетираше фантастичен успех на денешниот дуел меѓу Баерн Минхен и Фортуна Дизелдорф.
Тој беше стрелец на третиот погодок за баварскиот гигант, со што ја комплетираше листата на бундеслигаши чија мрежа ја има затресено во текот на кариерата. Тој имаше постигнато голови против 17 од 18-те клубови што моментно се дел од Првата лига на Германија, на првиот меч во Дизелдорф не успеа да го матира голманот на Фортуна, но тоа му појде од рака на денешниот меч против Фортуна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА