Падна последниот ракометен бастион – Прекината и белоруската лига

Прекината е и последната ракометна лига во Европа која егзистираше во периодот на пандемија на коронавирусот. Ракометната федерација на Белорусија одлучи да стави крај на сезоната, а шампионската титули во машка конкуренција ја додели на Мешков Брест. Крајот на натпреварувањето беше објавен само неколку минути по завршувањето на мечот меѓу Минск и Гомел (38-20).

Кај дамите, титулата им припадна на ракометарките на Гомел.

Одлучено е Ф4 турнирот од Купот на Белорусија да се одгра во септември. Белорусите беа последните мохиканци кои одолеваа и играа ракомет и покрај пандемијата на коронавирусот во целиот свет.

 

 

Се вчитува...