Падна „пресуда“: Лампард одработи подобра сезона од Солскјер

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, смета дека Франк Лампард одработи подобра сезона од Оле Гунар Солскјер. Иако двајцата менаџери ги одведоа клубовите во Лигата на шампионите со победите во последното коло против Лестер и против Вулверхемптон, Кин смета дека Лампард направил чуда во дебитантската сезона на клупата со оглед дека клубот беше санкциониран и немаше право да прави трансфери минатото лето, а ја загуби и првата ѕвезда, Еден Азар кој замина во Реал Mадрид.

„Морам да признам дека Франк зaврши подобра работа. Очекував да бидат солидни, но начинот на кој се снајде Лампард е одличен. Нема непромислени работи, донесе големи одлуки, им даде шанса на младите добри играчи на кои им требаше можност и тие го искористија тоа. Завршија во топ четири и ако го освојат ФА купот ќе биде неверојатно“ – вели Кин.

Од друга страна, Солскјер чиј Манчестер заврши пред Челси поради подобрата гол разлика потроши 190 милиони фунти, а клучното засилување го доведе во јануари кога го купи Бруно Фернандеш.

 

Се вчитува...