Падна првата „жртва“ во Милан по поразот од Удинезе

Милан лошо ја почна сезоната со пораз од Удинезе од 1-0, па очигледно и оваа сезона ќе биде тешко во битката за првите четири позиции.

Новиот тренер Марко Џампаоло без засилувања одлучи да ја почне сезоната. Па, веднаш по поразот е стартувана акција за засилување на редовите. Конечно се очекува Анхел Кореа да пристигне на „Сан Сиро“, а веќе при крај се преговорите за доведување на бекот на Тотенхем, Ауриеро.

Во меѓувреме клубот се обидува да се ослободи од некои играчи на кои Џампаоло не смета, па отказ доби хрватскиот репрезентативец Иван Стриниќ. Бекот и онака не се наигра во Милано, па клубот денеска објави дека е раскинат договорот со него.

Се вчитува...