Падна првиот гол во новата сезона: Бесарт Ибраими, а кој друг? (ВИДЕО)

Во судиското надополнување од првиот дел, падна првиот гол во новата сезона во ПМФЛ. Кој друг ако не Бесарт Ибраими, „кралот“ на стрелците во прволигашката конкуренција. После еден противнапад, голгетерот погоди во мрежата на прилепчани, за заслужено водство на Струга ТЛ.

Во текот на првиот дел стружани имаа многу шанси, а ја искористија во третата минута од судиското надополнување, и така се стекнаа со водство кое е актуелно на полувремето.

Бесарт Ибраими има одличен старт во новиот тим. Тој се врати во Македонија, после една сезона настапи во грчки Ксанти, потпиша за Струга и веднаш почна да ја оправдува довербата.

Се вчитува...