„Падна“ првиот отказ во Ливерпул после катастрофалната низа

Ливерпул имаше турбулентна полусезона во Премиерлигата. Одличниот почеток на шампионатот беше засенет со катастрофална серија, која ги натера навивачите да стравуваат дури и за пласманот во Европа во еден миг, но сега во последно време работите си дојдоа на свое место.

Токму од тука раководството на „црвените“ се одлучи да отпушти еден член на стручниот штаб на Слот. Станува збор за Арон Бригс, тренер кој беше задолжен за прекини. Ливерпул во оваа сезона има катастрофални бројки на тоа поле, и затоа Бригс доби „шут-карта“.

Ливерпул најголема болка има токму во прекините, од кои примија дури 12 голови. Ливерпул после прекини постигна само три гола, па разделбата со Бригс беше неизбежна. И самите играчи укажуваа на овој проблем во текот на полусезоната, особено капитенот Вирџил ван Дајк.

Се вчитува...