Енис Фазлагиќ ќе биде нов фудбалер на полски Висла Краков, откако тимот се договорил со Жилина за трансфер на македонскиот младински репрезентативец. Висла ќе му плати на словачкиот тим обесштетувње од 500.000 евра, а во следните часови Фазлагиќ ќе треба да биде промовиран во нов фудбалер на полскиот тим.
Оваа сезона Фазлагиќ одигра 24 натпревари и забележа три асистенции. Во минатото беше дел од Шкендија и од младинсите категории на Вардар, а беше дел и од Скопје.
Фазлагиќ моментално е дел од националниот тим до 21 година. Ако игра стандарно во Висла, тогаш сериозно ќе тропа и на вратата на „А“ националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА